Фудбал
18. December 2015 - 13:24

Kaуцијата за Мамиќ 900 илјади евра

Извршниот директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ денеска би требало да биде пуштен од притвор. 
Советот на загрепскиот општински суд ја отфрли жалбата на обвинителството за одлуката и висината на кауцијата што треба да ја плати Мамиќ за да излезе од притвор. 
Според информациите Мамиќ понудил 900 000 евра во готовина и недвижнини за да ја плати кауцијата. 
Доколку во текот на денот ја уплати готовината и запише заложно право тогаш би може да излезе од притвор до крајот на денот.  Претходно пред истражен судија ќе мора да се обврзе дека ќе се придржува на мерките кои забрануваат контактирање со сведоците меѓу кои е и тренерот на Динамо неговиот брат Зоран Мамиќ.