Катругалос: Договорот од Преспа ја зајакнува безбедноста и стабилноста во ЈИЕ

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во обраќањето на министерскиот состанок за Берлинскиот процес во Варшава, во делот посветен на Балканот, како што соопштуваат од грчкото МНР, акцентот го ставил на решението на долгогодишниот проблем меѓу Северна Македонија и Грција, преку кое „во целост се зајакнува безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа, а паралелно го олеснува заедничкиот развој преку регионални проекти за поврзување, инфраструктура и енергетика”, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, на состанокот, според Министерството за надворешни работи на Грција, бил споменат и Договорот од Преспа.
– Сите присутни лидери го поздравија Договорот од Преспа како модел на европскиот начин на решавање на разликите и алатка за стабилизација на регионот, а топло ги пофалија премиерот Ципрас и неговиот колега од Северна Македонија за нивниот храбро политичко дело, соопштуваат од грчкото МНР.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
