Катица Јанева не дојде на судењето во Апелационен суд
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која беше осудена во случајот "Рекет", денеска не дојде на јавната седница во Апелациониот суд за да ја презентира жалбата на пресудата со која беше осудена на казна затвор од 7 години.
Пред почетокот на судењето, судечкиот совет наведе дека поради здравствени причини таа не е во можност да присуствува на јавната седница.
Присутни се само нејзините адвокати: Дељо Кадиев, Ирена Фрчковска,а дел од адвокатскиот тим е и синот на Јанева, Лазе Јанев.
Пред судечкиот совет во апелација, својата жалба денеска ќе ја образложи и Бојан Јовановски кој е осуден на затвор од 9 години.
По разгледување на жалбитр на осудените Јанева и Јовановски, Апелациониот суд може да ги потврди или намали казните, или предметот да го врати на повторно судење.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени