Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово

Катица Јанева, поранешната раководителка на Специјалното јавно обвинителство, осудена во предметот „Рекет“ на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување, добила условен отпуст и на почетокот на неделата го напуштила КПУ „Идризово“.
Информацијата ја потврди директорот на затворот, Зоран Јовановски, кој изјави дека Јанева ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје сè до целосното истекување на изречената казна.
Основниот кривичен суд Скопје ја донесе пресудата за случајот „Рекет“ на 18 јуни 2020 година, а таа стана правосилна кон крајот на јули 2021 година, откако Апелацискиот суд Скопје, по повеќе од една година, ја потврди одлуката на првостепениот суд. Апелација за ваквата одлука информираше со соопштение на 21 јули 2021 година, по што Јанева два дена подоцна беше спроведена на издржување на казната во затворот „Идризово“.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
