Каталонската Влада ќе расправа за следните чекори по референдумот за независност

Каталонската Валда денска ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе се расправа за следните чекори околу прогласувањето независност од Шпанија, по референдумот одржан вчера.
Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ќе претседава со седницата и според локалните медиуми, тој ќе побара мислење за барањето парламентот следната недела да гласа за декларација за независност.
Во меѓувреме, шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии пред да побара парламентарна седница, на која ќе се расправа за начините за спротиставување на кризата, каква државата немала со децении.
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се - за независност.
Портпаролот на Владата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
На Твитер профилот на Владата на Каталонија е објавено дека од 2.262,424 ливчиња, кои не биле запленети од шпанската Влада, вкупно 2.020,144 биле за независност, со 176.566 гласови „против“, 45.586 празни и 20.129 неважечки ливчиња.
- Тоа е победата за демократијата и луѓето кои ја заштитија на мирен начин, истакна Турул.
Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Ново на Сител
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
