-->
-->
Кастратовиќ: На овие натпревари не се дозволени грешки
-->
Македонскиот шампион ЖРК Вардар втор ден е во Будимпешта како дел од учесниците на завршниот турнир од Лигата на шампионите. „Вардарки“ денеска како последни се на листата за тернинг, но тоа најверојатно нема да биде пречка избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ подготвени да се појават во утрешното полуфинале против романската екипа Букурешт.
- За се треба време и мислам дека утре и задутре ќе играме како што посакуваме. Трета година играме на фајнл – фор турнир во Будимпешта. На овие натпревари не се дозволени грешки. Букурешт е квалитетна екипа и мораме да се трудиме да направиме што е можно помалку грешки, потенцираше Индира Кастратовиќ.
Андреа Пенезиќ е најефикасна во Вардар со 71 гол.
- Едвај чекаме да почне натпреварот. Има позитивна атмосфера. Се надевам на победа и конечно во третиот обид да стигнеме до финалето, да се оствари „трета среќа“, изјави Андреа Пенезиќ.
Во редовите на Букурешт добро знаат што значи нападот на Вардар, кој е најефикасен сезонава со 405 голови, а нашиот првак оствари две победи во дуелите од групата (22:21 во Скопје и 30:25 во Букурешт).
- Секој детал ќе биде решавачки за победникот на натпреварот. Нашата одбрана мора да биде добра. Вардар има извонреден напад и само со добра поставеност во одбраната имаме шанса да се надеваме на победа, изјави Лине Ана Јоргенсен од Букурешт.
Натпреварот Вардар – Букурешт се игра утре во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта со почеток во 17:45 часот, додека од 15.15 часот играат Ѓер и европскиот првак Будуќност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР