-->
-->
Карпош Соколи кај ФМП по првата победа во АБА лигата
-->

Кошаркарите на Карпош Соколи досега се немаат израдувано на победа во регионалната АБА лига.
Шансата за прв триумф по седумте порази во АБА, составот на Карпош Соколи ќе ја бара во денешниот дуел против ФМП во Белград.
По промената на тренерското мести и доаѓањето на Драган Николиќ на кормилото на „соколите“ во тимот од Карпош се надеваат дека конечно за екипата ќе претстои период на подобри резултати.
Дуелот од 8.коло во АБА лигата меѓу ФМП и Карпош Соколи ќе се игра во терминот од 18 часот, а во последниот меч од оваа рунда вечерва од 21 часот ќе играат големите белградски ривали Црвена звезда и Партизан.
На натпреварите од ова коло кои веќе се одиграа постигнати се овие резултати:
Задар – Игокеа 83-90 ,
Будуќност – Цибона 95-79,
Мега Лекс – Крка 95-96,
МЗТ Скопје Аеродром - Олимпија 97-96 и
Цедевита – Морнар 99-73
Табела:
Будуќност 8-0 (победи-порази),
Црвена звезда 7-0,
Цибона 6-2,
Цедевита 5-3,
Партизан 6-1,
Игокеа 4-4,
Крка 4-3,
Задар 3-5,
Морнар 2-6,
Мега Лекс 2-6,
МЗТ Скопје Аеродром 2-6,
Олимпија 2-5,
ФМП 2-5,
Карпош Соколи 0-7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
