Каролина Ристова - Астеруд на Фејсбук: Ах Талат, Талат, кое разочарување
Ах, човек на ништо да не може да се израдува и за ништо да не може да му олесни во оваа земја! Ах, Талат, Талат, кое разочарување, ова со знамињата во кабинетот на Претседател на Собранието на РМ е ок?! Навистина?! Со оглед на се и после се?! Ама, ова како „ми се може“, така?!, пишува на Фејсбук поранешната пратеничка од СДСМ, Каролина Ристова – Астеруд.
– Впрочем, во целава наша „атмосфера“ изгледа само утврдивме дека само ДПМНЕ, македонскиот национализам и национал-шовинизам се зло, но истите феномени кај ДУИ, другиот албански политички фактор, кај Албанците воопшто, се баш кул и далеку ќе ја одведат и земјата, и регионот, а богами и самите Албанци? Исто како што утврдивме дека не чини само кога Македонци не почитуваат устав и закон, демократски процес на усогласување и одлучување , кога се корумпирани, кога крадат и кога владеат лошо, на ѓон или насилнички? Кога сето тоа го прави албанскиот политички фактор и Албанците во Македонија, дал на државно ниво, дал на ниво на единици на локална самоуправа (со посебна сласт и страст кон мнозинството што е во позиција на малцинство, но и кон другите малцинства, што ќутенкум, што декларирано како од страна на Села во неколку прилики), е тогаш се е ок, за замижување, за неодговорност, за користење различни, двојни-тројни стандарди и секакви песни на апологија до правење улави, а и, секако, ич не влијае на џебот и на животот на цело граѓанство, па и на тие од „мнозинството„, имено, Македонците.
– Ова со знамињата е потсетувањето на тоа денес? Јас како граѓанка никаде и никогаш не сум имала шанса и можност да издебатирам и да одлучам, во Собранието на РМ, од пратениците, па згора, ни помалку-повеќе, од претседателот на Собранието, кој како „прв меѓу еднаквите„, не преставува сите, да се употребува било кое друго знаме, па и тоа да е на некоја од етничките заедници, а не знаме на друга држава, освен официјалното државно знаме како знаме за сите нас, пишува Ристова – Астеруд
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари