Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен го повика првиот човек на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) Аркадиј Дворкович да поднесе оставка.
– Принуда на играчи, злоупотреба на моќ и неисполнети ветувања. За да ме убедите да продолжам да учествувам на Светското првенство во Блиц во Њујорк, му напишавте на татко ми: „Би сакал да ви пренесам порака на вас и на Магнус: што и да се случи помеѓу ФИДЕ и шахот во слободен стил, тоа нема да влијае на играчите во ниту еден начин. Тие ќе можат сами да носат одлуки, а ФИДЕ нема да преземе никакви негативни дејствија.
Подоцна додадовте: „Ќе поднесам оставка доколку постапките на Советот на ФИДЕ некако ги поткопаат моите зборови“. И ги принуди играчите да потпишат неприфатливо откажување. Го прекршивте ветувањето. Дали ќе поднесете оставка? – напиша Карлсен на социјалните мрежи.
Светскиот шампион му е лут на Дворкович поради недостиг на договор меѓу ФИДЕ и организаторите на турнирите во шах во слободен стил околу одржување на светските првенства.
Претходно, Советот на ФИДЕ изјави дека не постигнал договор за турнејата во слободен стил. Федерацијата истакна дека тоа се должи на одбивањето на другата страна да го признае статусот на ФИДЕ како единствен регулатор на Светските шаховски првенства и нејзината надлежност да ја доделува титулата светски шампион.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица