Карлеуша ја обвинува Цеца за киднапирањето на синот на Брена - Јелена со шокантно откритие
Документарниот филм за животот на Лепа Брена крена многу прашина со третото продолжение.
Иако документарецот „Ајде да се волимо“ е полн со убави моменти од кариерата на Брена, сепак едно нешто на многумина не им се допадна, а прва го искоментира Јелена Карлеуша.
Во филмот за Лепа Брена зборуваат голем број нејзини колеги и пријатели, а помеѓу нив е и Цеца, иако долго време се сметаше дека колешките не се во добри односи.
Јелена Карлеуша како и секогаш, не се воздржа па на Твитер напиша:
- Колку ти Брено си толерантна жена… Кумот на Цеца, Легија и нејзиниот најблизок пријател Шиптар, ти го киднапираа детето, а ти ја стави во документарецот. На твое место, таа за мене би се појавила само во некролог.
И пред да го сподели ова Карлеуша со јавноста, пред многу години се шпекулираше на оваа тема.
Во 2000 година Стефан, синот на Брена и Боба беше киднапиран.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ