Карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ на изложба во Кочани
Во рамки на заедничката соработка на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани и Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, синоќа беше отворена ретроспективна изложба на најуспешните и наградени карикатури од Мегународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој во ноември минатата година се одржа во Виница.
- Секоја година традиционално најуспешните дела од фестивалот ги презентираме и пред публиката во Кочани. Ова е петта година по ред како успешно соработуваме. На изложбата се поместени 34 карикатури меѓу кои и наградените кои пристигнаа од Иран, Колумбија и Романија. На фестивалот во Виница минатата година пристигнаа рекорден број од 300 карикатури од целиот свет, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.
Данев информираше дека досега делата од овој Мегународен фестивал биле поставени на изложба во Турција во градовите Бурса и Орхангази, кој збратимен со Виница.
По Кочани, изложбата се сели во Демир Капија и Гевгелија, а во месец јуни заедно со ансамблот за староградски песни ќе гостува во Италија.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.