Кошарка
26. April 2021 - 10:18

Кари испиша историја во НБА лигата

Кошаркарот на Голден Стејт, Стивен Кари, влезе во аналите на НБА лигата како играч со најмногу постигнати тројки во еден календарски месец.

Кари со 37 поени, од кои седум тројки, му помогна на Голден Стејт во синоќешниот триумф на својот тим над Сакраменто, со што стигна до бројката од рекордни 85 успешни реализации за три поени во месец април.

Ноќ за паметење во најсилната кошаркарска лига на светот имаше и тимот на Вашингтон, кој триумфираше на домашен терен над Кливленд со што ја запиша осмата победа во серија, за прв пат од декември 2001 година.

Резултати во НБА лигата од ноќта меѓу неделата и понеделник:

Бруклин – Феникс 128:119

Орландо – Индијана 112:131

Атланта – Милвоки 111>104

Голден Стејт – Сакраменто 117:113

Вшингтон – Кливленд 119:110

Портланд – Мемфис113:120

Шарлот – Бостон 125:104.