Кардиохирурзите формираа свое здружение

Во склоп на Македонското Лекарско Друштво, деновиве се формираше првото Македонско здружение за Кардијана,Торакална, Васкуларна и Ендоваскуларна хирургија.
Последниве две декади, се период наевидентен развиток на повеќе медицински гранки, а особено на кардиохирургијата, торакалната и васкуларната хирургија.
-Ова особено се должи на енормниот научен и посебно технолошкиразвиток, што најде свое адекватно место токму во овие субспецијалности. Ова се случува и кај нас и токму затоа се изроди потребата од здружението, за кое сметаме дека многу ќе допринесе во развитокот ипопуларизацијата на овие субспецијалности и кај нас, истакнаа од новоформираното Здружение.
Во здружението членуваат субспецијалистиод овие области од повеќе институции во Републиката, како Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Универзитетскатаклиника за Торакална и Васкуларна хирургија, Универзитетската хируршка клиника Св.Наум Охридски, Универзитетската клиника за кардиологија, Првата приватна болница Ремедика и други.
За претседател на здружението е избран Проф.д-р Сашко Јовев. Потпретседател е Проф.д-р Андреј Арсовски, генерален секретар д-р Васил Папастиев, претседател на Управниот одбор е Доц.д-р Р. Чоланчески, а потпретседател д-р. Марјан Шокаровски.
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
