-->
-->
Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Куманово
-->

Караванот „Купи куќа, купи стан“ оваа среда ќе го посети Куманово каде ќе бидат презентирани можностите што ги нуди проектот.
Претставници од Министерството за финансии ќе им објаснат на кумановци колкави субвенции нуди проектот, кои услови треба да се исполнат за да се аплицира и како да се поднесе барање за користење на финансиски средства.
На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови.
Презентацијата ќе се одржи во Домот на културата во 17 часот.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ секоја среда престојува во градовите низ Македонија со цел да го доближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
