Караџовски: Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата

Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата, бидејќи за да се прекине настава потребно е да се донесе одлука на ниво на Влада, која прогласува епидемија на ниво на држава, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните денови.
– Се работи за заболување кое сега го има врвот. Пикот на грипот се очекува оваа и следната недела. Согласно епидемиолошките критериуми за грип сега ќе се зголеми бројот на заболени, а во периодот што следи заради подобрување на времето и пролетните температури бројот ќе биде намален. Секој респираторен вирус и секое респираторно заболување не значи грип, секое респираторно заболување не значи бронхит и бронхопневмонија. Нормално е да има кивање, кашлање, нормално е сега да има, во сред лето нема грип, додаде д-р Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
