Македонија
19. July 2015 - 16:53
Капиталните дела од домашната и странска литература достапни за пошироката јавност
Ѕвездите на светската книжевност, литература од национално значење, дела на нобеловците за литература. Сите капитални едиции на кои минатите години вредно работеше министерството за култура се најдоа во петте најголемите библиотеки во Македонија. Ќе бидат достапни за сите со што овие институции дополнително ќе се отворат кон јавноста.
Културолошката и воспитно образовната функција која ја имаат публикациите треба да бидат магнет за сите читатели кои сакаат да се запознаат со странската и домашната литература.
Капиталните дела од домашната и странската литература се достапни во универзитетските библиотеки во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово.
-->
-->
