Македонија
1. April 2024 - 21:22

Кандидатите, програмите и конвенциите веќе одржани - ќе промени ли официјалната кампања нешто?

Со старо нови кадри и за претседателските и парламентарните зибори, со позната реторика во предизборие, стартот на кампањата и митинзите нема да променат ништо. Политичките партии веќе ги поставија рамките на изборните програми, претставија се на конгреси и конвенции, па не се очекуваат никакви изненадувања, вели аналитичарот Божиновски.

Раздвојувањето на партиите од албанскиот блок ќе напарави големи турбуленции, особено во шестата изборна единица каде ќе се води тесна трка за поголем број на пратеници. Но според политичкиот аналитичар Селими, Македонија е одамна е во кампања, затоа митинзите нема да понудат ништо ново, туку само ќе ги потврдат старите ветувања на партиите.

Експертската јавност е децидна дека за актуелната гарнитура главниот адут ќе бидат интеграциите, за опозицијата пак грешките на власта во обидот да добијат што поголем број на гласачи на своето конто во двата изборни процеса.