-->
-->
Канада ќе му даде на Ирак 6,4 милиони американски долари за борба со ИД
-->

Канада ќе обезбеди за Ирак помош од 8,3 милиони канадски долари за борба со терористичката група Исламска држава, соопшти канадскиот министер за андворешни работи Роберт Николсон.
Изјавата ја даде по средба со претставници на држави од коалицијата која војува против ИД.
На средбата во Квебек учествува и американскиот генерал Џон Ален и ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари. Средствата ќе се користат за доставување до Ирак на несмртоносно оружје, за ирачки програми за деминирање, за хуманитарна помош за бегалците.
Во октомври лани владата на премиерот Стивен Харпер одлучи да учествува државата во борбата против ИД испраќајќи авиогрупа и 600 војници за „поддршка на воздушната мисија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
