-->
-->
Кампања во прилепските средни училишта за заштита од СИДА
-->
Центарот за јавно здравје во соработка со Црвениот крст од Прилеп денеска, по повод 1 декември, светскиот ден на борба против ХИВ СИДА-та, на плоштадот во центарот на градот ќе постави штанд на кој ќе дели флаери и информации за заштитата и превенцијата од оваа заразна болест.
- На овој начин ја почнуваме кампањата за информирање и превентива за заштита од ХИВ-СИДА-та меѓу граѓаните, особено кај младата популација, вели Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје.
Центарот за јавно здравје денеска на средба со директорите од петте средни училишта ќе ги договори активностите за едномесечната кампања во средните училишта.
- Двапати неделно цел месец преку поголеми активности во прилепските средни училишта ќе дејствуваме превентивно- со информации, флаери и со запознавање какви се опасностите и превентивната заштиата од СИДА. Ќе спроведеме и анкета за тоа колку младите се информирани за оваа заразна болест, објаснува Ингилизов.
Центарот за јавно здравје претходно соопшти дека последниве две години во Прилеп се регистрирани три нови случаи на заболени од ХИВ-СИДА. Сите три се момчиња на возраст од 20 до 29 години. Од 1987 година, кога првиот е регистриран заболен, досега се вкупно 11 случаи, заедно со новозаболените. Седуммина починале, а еден е возрасен носител на ХИВ вирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар