Кампања на Фондацијата Фридрих Еберт и МППС за борба против сиромаштијата

Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје и Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштијата и најавија заедничка годишна кампања која ќе трае 365 дена со цел континуирано подигнување на свеста на граѓаните.
- Во услови кога секое трето лице во Република Македонија се смета за сиромашно, државните институции, организациите од граѓанскиот сектор, меѓународните организации како и сите граѓани не смеат да бидат пасивни актери во борбата против сиромаштијата. Владата, а посебно Министерството за труд и социјална политика овој проблем го поставија високо на агендата на Владината и на програмата на ресорното министерство, но потребна е прецизна координираност со локалните самоуправи и со организациите кои ја имаат експертизата за решавање на проблемот со сиромаштијата, се вели во соопштението од Фондацијата Фридрих Еберт и МППС.
Во следните 365 дена МППС, поддржана од Фондацијата ќе го почне и процесот на мониторинг и на програмите кои, како што се наведува, во изминатите години беа најавувани од општините и на ветувањата кои ги дадоа градоначалниците за време на локалните избори.
- Мониторинг ќе се изврши и на програмите кои ги има и МТСП, а заеднички ќе се идентификуваат начините како најдобро и најефикасно да се координираат тековните процеси на намалување на сиромаштијата во државата, стои во соопштението од Фондацијата Фридрих Еберт и МППС.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
