Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.
- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“