Kамелија Алексовска, најмлад учесник на Олимпијадата по француски јазик

Шеснаесетгодишната Камелија Алексовска, ученичка во втора година гимназиско образование во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, е најмлад уечсник на 4. Меѓународна олимпијада по француски јазик која се одржува во Охрид.
- На олимпијадата учествуваат средношколци од Македонија, Албанија, Ерменија, Бугарија, Молдавија и Романија кои во образовниот процес го учат францускиот јазик, а Алексовска е нaјмлада помеѓу бројните ученици кои се, пред се, од завршна, четврта гимназиска година, информира менторот Сашка Младеновска, професор по француски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“.
Истакна дека Камелија поседува извонреден талент за говорење и пишување на овој странски јазик кој го говорат 13 проценти од вкупната светска популација.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
