Камбовски: Затворите се претворени во училишта за криминал
Затворите се претворени во училишта за криминал и места каде се прават недозволени дејствија, а не во институции каде осудените лица ќе се ресоцијализираат и ќе се спречува криминалот, истакна академик Владо Камбовски.
Во рамките на седмата сесија на Охридската школа на природното право што се одржува во Охрид на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ нагласи дека затворите се едни од клучните институции на правдата, кои се запоставени кај нас. Покрај институционални промени во однос на извршувањето на санкциите, смета дека треба да дојде и до промена на односот на судиите, односно судовите, на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донеле.
– Неможе судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Постојат посебни судии за извршување на санкциите, кои треба да бидат стално ставени во мониторинг на целиот процес на извршување на казната. Неможе судијата или судот да биде незаинтересиран што ќе биде со осудениот во затвор, па и после излегувањето, рече Камбовски.
Министерот за правда Никола Тупанчевски го дели ставот дека треба да се направи нешто во однос на забелешките за состојбата во македонските затвори.
– Треба нешто конкретно да се направи во однос на повеќе димензионалните забелешки кога се однесува на затворската популација и на затворите генереално во однос на здравствената заштита, подобрување на условите на осудените лица, итн. Дефинитивно ние покажавме и како држава пред извесен период дека сме решително подготвени состојбите да ги менуваме и тоа радикално, подвлече Тупанчевски.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта