Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
– Бараме веднаш и без никакви услови да запре огнот. Повикуваме на мирно решавање на спорот, истакна дипломатот.
Кео Чеа ги отфрли обвинувањата на Тајланд дека Камбоџа прва започнала со напад, посочувајќи дека камбоџанската армија брои само една третина од тајландските сили, како и дека нивните воздухопловни сили не се целосно опремени.
ОН во соопштението по затворената седница ги повика двете држави на крајна воздржаност и избегнување на натамошни ескалации.
Камбоџа денеска соопшти дека од почетокот на конфликтот во четвртокот, загинале најмалку 13 нејзини државјани. Според податоците на Министерството за одбрана на Камбоџа, околу 35.000 лица се раселени.
Портпаролката на Министерството, Мали Сочеата, изјави дека петмина од загинатите се војници, а останатите се цивили.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок
-

Божиновска на вториот министерски самит за енергетика во Белград
-

Јаневска ќе се обрати на 77-годишнината од основање на Градежниот факултет
-

Утрото ведро и студено, а преку ден сончево и топло
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
