Живот
5. April 2018 - 11:02

Какво значење имаат боите на велигденските јајца?

Веројатно црвените јајца се веќе офарбани, а оние шарените ќе почекаат до сабота. Во меѓувреме, откријте која боја какво значење има.
 
Зошто секоја година купуваме и бираме што поубави и поквалитетни бои? Кое е нивниото значење?
 
Доколку не сте знаеле:
 
Жолтата боја на јајцата симболизира чистота, светлост, раѓање, невиност и радост.
 
Портокаловата боја на јајцата симболизира издржливост, сила и амбициозност.
 
Златната боја симболизира духовно богатство и мудрост.
 
Розовата боја симболизира успех и задоволство.
 
Црвената пак, симболизира духовна будност, делотворност, мирољубие, радост за животот и љубов.
 
Сината боја на јајцата симболизира вистина, добро здравје и верност.
 
Виолетовата боја ја симболизира вербата, довербата и трпеливоста.
 
Зелената боја означува плодност, здравје, надеж, светлина и богатство.
 
Кафеавата фарба симболизира великодушност, жетва и приземјеност.
 
Наполнете ја овогодинешната кошница со сè од горенаведеното.