Какви се жените во кревет со мали, а какви со големи гради?

Формата на женското тело кажува каква е таа во кревет и како најдобро да ја задоволите. Сѐ што треба е да обрнете внимание на нејзиниот изглед.
Жена со облини
Жените со облини, особено ако тие облини вклучуваат големи колкови, имаат тенденција да бидат слободоумни во кревет. Едно истражување покажало дека жените со големи колкови се повеќе склони кон секс за една ноќ, врски без обврски и сексуално експериментирање. Исто така, жените со облини се поврзуваат и со создавањето потомство, па кога се работи за сексот, овие дами едноставно водат.
Ниска жена
Некои машки преферираат да имаат секс со ниски девојки затоа што нивната компактност им овозможува со нив да прават работи кои со високите девојки не би можеле, а исто така со нив им е и полесно да имаат секс на разни места. Сигурно многу од вас ќе се сложат со ова. Гледано од научна перспектива, пониските жени имаат понизок центар на гравитација што значи дека тие имаат одлична рамнотежа, па така понезгодните пози за нив се лесно изводливи.
Висока жена
Иако едно истражување покажало дека и мажите и жените со долги нозе се перципираат како секси и здрави, кога се во кревет, работите не се баш секогаш сјајни. Ова не значи дека нивните техники се лоши, но високите жени не можат толку лесно да бидат префрлани низ креветот или да имаат секс набрзина на јавни места. Ова може да создава мали неприлики, особено ако жената е повисока од личноста со која има секс.
Полничка жена
Жените со пополно тело имаат поголеми шанси да уживаат во сексот од слабите жени. Едно истражување покажало колку е жената помека, толку таа има подобар карактер и е подобра во кревет. Зошто? Затоа што сите тие масти го зголемуваат нивото на ендорфин кој ги зголемува сексуалната желба и сексуалните вештини, што ги прави овие жени многу добри во кревет.
Слаба жена
За разлика од полничките жени, слабите жени немаат зголемување на ендорфинот, па затоа, според генетичарот Џејмс Ватсон, тие не се толку добри во кревет. Сепак, едно друго истражување покажува дека мажите најдобро се претставуваат кога се во кревет со жена која има тенок струк. Па и тоа е добро.
Мали гради
Иако големите гради добиваат многу повеќе внимание, реалноста е дека жените со мали гради повеќе уживаат во сексот и во предиграта. Тоа е така затоа што помалите гради се поосетливи од големите. Благодарение на ова, тие можат да добијат одлична стимулација, а колку повеќе е жената стимулирана, толку подива станува во кревет.
Големи гради
Жените со големи гради се попаметни од жените кои не се толку обдарени однапред. Иако поголемите гради се помалку чувствителни од малите, фактот дека жените со побуен граден дел имаат повисок коефициент на интелигенција значи дека тие се доволно паметни за да знаат како да го добијат токму она што го сакаат во сексот.
Ново на Сител
-

Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
-

Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч
-

Финска деветта година по ред најсреќна земја во светот – достапно здравство и бесплатно образование без национални тестови
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
