-->
-->
Како правилно се слави Свети Никола според традицијата – не навлекувајте грев врз домот и домашните
-->
Свети Никола се слави најмногу во Македонија. Во целото христијанство се почитува како светител и чудотворец.Свети Никола се прославува на 19 декември и спаѓа во славите со најголем број почитувачи.
На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител.
Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.
На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.
Конзумирање на мрсна храна на овој ден не доаѓа во предвид, бидејќи во тек е Божикниот пост, а игнорирање на задолжителниот пост е строго забрането.
Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок, тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот- треба.
Вака правилно се слави славата, според традицијата и обичаите: Да не навлечете грев на куќата и на домашните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
