Како навистина се изградени египетските пирамиди
Пирамидите од древниот Египет за своето време биле извонредно достигнување, поради што многумина се сомневаат дека нив ги направиле луѓе.
Иако многумина мислат дека научниците никогаш не ја откриле тајната на изградбата на овие величенствени градби во толку далечното минато, сепак, помалку-повеќе, техниката на изградба е откриена.
Иако се служепе со примитивна технологија, таа била во најмала рака генијална. Бидејќи, Египќаните тогаш немале тркало користеле техника на навлажнување на песокот за намалување на триењето, додека ги влечеле големите „санки“ со тешки камени блокови.
Се знае дека тие биле градени директно покрај каменелом што го олеснувало транспортот.
Бидејќи се следело движењето на ѕвездите и ја познавале астрономијата на основно ниво, Египќаните можеле да прават градби под прав агол.
Порано било откриено дека за изградбата на Големите пирамиди биле потребно нешто помалку од две илјади луѓе и околу 23 години, а повеќе од тоа може да се види во приложеното видео.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден