Македонија
5. May 2016 - 14:21

Како на филм: Киднапирање среде бел ден во Шутка

Киднапирање во Скопје среде бел ден. Според податоците од полицијата, било пријавено дека  позади пазарот во Шуто Оризари, непознато машко лице со употреба на физичка сила насилно ја внел во патничко возило 20-годишната Р.З. по што заминале во непознат правец.

Се работи за 39-годишниот скопјанец С.А. по кого се уште се трага.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.