Џет-Сет
14. August 2015 - 15:49

Како денес изгледа секс симболот на поранешна Југославија

Години сепак оваа ѕвезда не ја "стигаат". Дијана Бечиревиќ и понатаму продолжува да привлекува интерес.
 
За неа во 80-тите години воздивнуваа многумина, родена е во Тузла и била "девојките од Јадранското крајбрежје" во едиторијалот на Плејбој од 1981 година. Сликите на тогашните југословенски убавици во магазинот излегле под наслов "Девојките на Тито ".
 
Дијана Бечиревиќ го покори светот со интервјуата со двајцата папи Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти, како и со светски познати спортисти и политичари.
 
Во филмските води ја внесува Фредерико Фелини, забележува неколку помали улоги во пет италијански филмови. Италија се одлучува да ја замени со Америка  каде што и денес живее.
 
Била манекенка, глумица, дипломирала на три факултети, била во врска со возачот на Формула (Род Стјуарт) и со Ал Пачино. 
 
Се дружела со Лучијано Павароти, Ники Лауда, Аиртон Сена а се има запознаено со Хилари Клинтон и Беназир Буто.