Тенис
2. јуни 2016 - 9:55

Како да се фалам со рекордот од 100 милиони кога во Србија платата е 300 евра?!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот што во историјата на „белиот спорт“ заработил 100 милиони евра, но сепак без многу задоволство разговара за овој рекорд. 

„ Мислам дека овој рекорд не е во ред и дека ги наведува луѓето да мислат многу поразлично за спортистите За мене парите се средство за квалитетен живот и ништо повеќе. За жал парите се се почесто единствен мотив во денешниот спорт и за тоа се раѓаат лути несекојдневни ривалства. Не сакам да бидам лажно скромен но тешко е да се говори за ваков рекорд особено кога знаете дека во Србија просечна плата е 200-300 евра“-изјави најдобриот светски тенисер.