КАЈРОН 2 - Велосипедско дефиле во Скопје

Велосипедско дефиле ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на Европската недела на мобилност. Старот ќе биде пред Порта Македонија во 10:30 часот.
На дефилето ќе присуствуваат заменик-министерот за животна средина, Стево Темелковски, раководителот на секторот за соработка во ЕУ, Мартин Клауке и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Велосипедистите ќе се движат по следната маршута Порта Македонија – ул.„Димитрие Чуповски“ - бул. „Климент Охридски“ – бул. „Партизански одреди“, се врти кај Влае-кружниот тек – бул. „Партизански одреди“ – бул. „Илинденска“ - Школка, Градски Парк во должина од 10 километри.
Во рамки на дефилето ќе биде организирана забавна програма и ќе бидат извлечени добитници на велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
