Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија

Кошаркарот на Далас Маверикс и олимписки шампион со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Кајри Ирвинг е во процес на промена на националните тимови и настап за Австралија.
Ирвинг е роден во Мелбурн и има двојно државјанство. Досега ја претставуваше репрезентацијата на САД, а освои и златен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Сепак, тој никогаш не криел дека би сакал еден ден да го облече дресот на Австралија. Таа желба сега може да се оствари.
- Во моментов сме во процес. Се обидуваме да видиме што е најдобро за мене. Има многу документи. Се разбира, Америка треба да донесе одлука, но јас барам да го направам она што е најдобро за мене. Искрено, ако во одреден момент од кариерата можам да играм за Австралија, тоа би било одлично, изјави суперѕвездата на НБА.
Искусниот бек сезонава за Маверикс просечно игра 34,4 минути по натпревар. Во моментов има просек од 23,5 поени, четири скока и 5,6 асистенции. Нема сомнеж дека Ирвинг би бил одлично засилување за „кенгурите“ и Светското првенство во Катар 2027 година.
Ново на Сител
-

Променливо време со дожд и снег, пообилни врнежи се очекуваат во понеделник
-

Алиу: МЗ останува посветено на следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина
-

Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас
-

Средба Муцунски - Фидан, фокус на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности
-

Мачката се чувствува најсигурно каде што седел нејзиниот сопственик
-

Поради очилата на Емануел Макрон падна серверот на веб-страницата на францускиот луксузен бренд
-

Борбата против сивата економија се интензивира, вели Димитриеска-Кочоска
-

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
