Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа во разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во Белград изјави дека Србија останува сигурен партнер за сите кои искрено се стремат кон соработка, напредок и заедничка европска иднина.
Во објава на Инстаграм, Вучиќ изјави дека со Калас наведе дека разговарале за клучни геополитички теми, безбедносната состојба во регионот, европскиот пат на Србија, како и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Нагласив дека Србија е посветена на конструктивен дијалог, под покровителство на ЕУ, како начин за решавање на отворените прашања, и дека заштитата на српскиот народ на Косово и Метохија е наш апсолутен приоритет. Потсетив дека формирањето на Заедницата на српски општини не е само договорена обврска, туку и предуслов за понатамошен напредок на дијалогот и секоја нормализација на односите“, напиша Вучиќ.
Тој истакна дека со Калас разговарал за процесот на ускладување на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.
„Убеден сум дека Србија, како земја која се стреми кон членство во Европската Унија, има капацитет да придонесе за зачувување на мирот, стабилноста и заедничките европски вредности, а воедно да ги зачува своите витални национални интереси. Србија останува сигурен партнер на сите кои искрено се стремат кон соработка, напредок и заедничка европска иднина“, нагласи Вучиќ.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
