Кај скопјанец и битолчанец пронајдени 52.000 парчиња петарди, ќе одговараат кривично

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства.
Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго. По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.
Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
