Кај Идомени чекаат околу 2.000 бегалци

Во тампон зоната на границата меѓу Грција и Македонија во Идомени има застој во протокот на бегалци, по одлуката на Македонија да не дозволи влез на авганистански државјани и да воведе построги услови за влез на Сиријците и Ирачаните, кои имаат валидни документи за пристап во земјата, јави грчката државна агенција АНА-МПА.
Според најновите податоци на грчката полиција, повеќе од 2.000 бегалци во моментов чекаат во кампот во Идомени, додека 62 автобуси со околу 3.000 лица се паркирани во близина на една бензинска станица на 20 километри од границата и чекаат сигнал од полицијата да го продолжат своето патување.
- Очекувавме дека во одреден момент Македонија нема да дозволи влез на Авганистанците, но верувавме дека ќе има предупредување, изјавил за агенцијата Антонис Ригас, претставник на „Лекари без граници“ во Идомени.
Ирачаните и сириските државјани кои чекаат да ја преминат границата и да влезат во Македонија за да го продолжат нивното патување до Западна Европа мораат, покрај официјален документ, да имаат и пасош или лична карта.
Голем број бегалци ги загубиле своите пасоши или личните карти во нивното долго патување до грчкиот брег и во согласност со новите правила не им е дозволено да ја преминат границата, јавува АНА-МПА.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
