Кај Бари запленети околу 900 килограми дрога
Во близина на италијанскиот пристанишен град Бари, запленети се околу 900 килограми марихуана и хашиш, прошверцувани од Албанија, пренесува Ора њуз, повикувајќи се на италијанските власти.
Под наслов „Карантинот не го спречува шверцот на дрога“ телевизијата додава дека се запленети 646 килограми марихуана и 250 килограми хашиш.
Во акција спроведена ноќта меѓу понеделникот и вторникот и тоа од море и воздух од страна на Гуарда ди финанца како и италијанската армија,упасени се и двајца италијански државјани.
Запленетата дрога била натоварена во два моторни чамци кои биле запрени на брегот кај Менопол. Била покувана во пакети со тежина од 2,5 до 10 килограми, со поставеи симболи во различна боја зависно од видот на дрогата, местото на производство и подарачјето во Италија,каде требало за заврши.
Според италијанските власти запленетата дрога на пазарот би достигнала вредност од околу 10 милиони евра.
Дел од медиумите наведуваат дека од неодамна реактивирана е и недозволената трговија со луѓе од албанскиот кон италијанскиот брег.
Деновиве пресретнат е чамец во кој илегално се превезувале 33 имигранти, главно од земјите на Средниот Исток.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг