-->
-->
Кахил му донесе победа на Челзи
-->
Лидерот на табелата Челзи и актуелниот шампион Лестер забележаа победи во денешните натпревари од 29.коло на англиската Премиер лига.
Челзи славеше триумф на гостувањето кај Стоук со 2-1 и тоа со голот на Кахил постигнат на три минути пред крајот на средбата.
На гостински терен се радуваа и фудбалерите на Лестер кои со 3-2 го совладаа Вест Хем.
Непријатно изненадување приреди Арсенал кој загуби од ВБА со 3-1.
На останатите три средби беа постигнати овие резултати: Сандерленд – Барнли 0-0, Кристал Палас – Ватфорд 1-0 и Евертон – Хал 4-0.
Денешната програма ќе биде заокружена со средбата Бурнемут – Свонси , додека утре покрај натпреварите, Мидлсборо - Манчестер Јунајтед (13:30 часот) и Тотенхем – Саутемптон (15:15), ќе се игра и дербито на колото во кое Манчестер Сити ќе биде домаќин на Ливерпул (17:30 часот).
Табела: Челзи 69 бода, Тотенхем 56, Манчестер Сити 56, Ливерпул 55, Арсенал 55, Евертон 50, Манчестер Јунајтед 49,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива