Каевски: Чувствувам морална и професионална одговорност за збирката „Млади поети“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска изјави дека чувствува морална и професионална одговорност за објавувањето на поетската збирка „Млади поети“ во која е утврдено дека кај две од 44-те песни постои недолична содржина.
- Како директор чувствувам морална одговорност, но уште повеќе професионална одговорност да се расветли случајот и точно да се детектира вината, рече Каевски на прес-конференција.
Тој нагласи дека соодветно ќе бидат казнети сите оние кои дозволиле да се случи ваква грешка и оти се повлекуваат примероците што се уште не се дитрибуирани.
Песните ги селектирала тричлена комисија, а Каевски, како што рече, веќе разговарал со претседателот на Комисијата, а ќе разговара и со останатите двајца членови.
Проектот чини 150 илјади денари и се спроведува четири години. За направената штета, Каевски најави дека ќе побара од одговорните да ја надоместат.
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
