Кацарска: Бугарија во обид да ја зголеми подршката

Меморандумот на Бугарија испратен до државите на ЕУ, а кој се однесува на преговорите со Македонија е продолжение на политиките на официјална Софија кон македонското прашање, но и обид за придобивање на што повеќе членки на своја страна, во преговарачката рамка сепак да се вметнат нови услови.
„Неизвесно е дали ова ќе и помине на Бугарија, но она што може да биде загрижувачко е дали Бугарија ќе добие поддршка за нови услови во преговарачката рамка од оние држави кои и онака се против проѓирувањето на Европската унија“, вели Симонида Кацарска, директор на институт за европски политики.
Таа вели дека се уште не е сигурно дали Бугарија ќе оди до крај со оваа позиција и ќе искористи вето ако остане осамена, и дека тоа може да биде предмет на калкулации на бугарската влада согласно внатрешнополитиките прилики.
Повеќе во анализата во вестите во 21:00 часот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
