Кабинетот на Ципрас до Ердгоан: Грција има премиер, а не султан

Грција има премиер што ги почитува правните процеси, а не султан што ги ветува правните одлуки, ги коментираат од кабинетот на Ципрас, изјавите на турскиот претседател Ердоган.
Во изминатиот период е заострена реториката меѓу Атина и Анкара, поради случаите со турските и грчките војници, односно осумтемина Турци кои бараат азил во Грција, а Анкара чека нивна екстрадиција, но и двајцата грчки војници уапсени на турска територија, за кои Атина притиска да се вратат назад.
Според грчките медиуми, Ердоган, сега ги поврзал меѓу себе овие два случаи, па оттаму и реакцијата од кабинетот на грчкиот премиер.
Како штојави дописничката на МИА од Атина, во соопштението, од кабинетот на Ципрас му порачуваат на Ердоган дека ако имал нешто да каже во случајот со турските војници, можел тоа да го стори на средбата со грчкиот премиер при посетата на Атина.
- Му разјаснуваме дека Грција е земја во која владее правото и има премиер што ги знае и почитува процедурите на грчкиот правен систем, а не султан за да може да ги ветува одлуките. Ако посакува да е лидер на држава во која владее правото, треба да даде објаснувања зошто Турција, се уште ги држи во затвор двајцата грчки војници кои што не направија ништо повеќе од тоа да поминат неколку метри на турска територија, во момент кога истражувале нелегални поминувања, пишува во соопштението од кабинетот на Ципрас.
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
