Јужна Кореја заплени брод кој шверцувал бензин за Северна Кореја
- Јужна Кореја денеска информираше дека минатиот месец запленила брод што пловел под знаме на Хонг Конг, за кој постои сомнеж дека пренесувал бензин за Северна Кореја.
Најавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека скришно и испорачува нафта на Северна Кореја, со што ги крши меѓународните санкции.
Бродот што бил запленет се вика „Лајтхаус Винморе“, и според Јужна Кореја, со него биле испорачани 600 тони рафинирана нафта.
Санкциите се кршат на отворено море, при што бродови кои носат забранета стока за Северна Кореја се сретнуваат со севернокорејски бродови и вршат трансфер на стоката, по што севернокорејските пловила се враќаат во некое од пристаништата во земјата.
Фотографии направени од страна на американски сателити укажуваат дека во изминатите три месеци кинески бродови 30 пати се сретнале со севернокорејски бродови на отворено море и извршиле трансфер на нафта.
Објавувањето на овие фотографии предизвика гневна реакција кај американскиот претседател Трамп, кој лично се ангажираше да се засилат санкциите против Северна Кореја, по серијата севернокорејски ракетни проби.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
