-->
-->
Јужна Кореја на барање на САД ќе испрати брод во Ормутски Теснец
-->
Јужна Кореја ќе испрати воен брод со 300 морнари во Ормутски Теснец, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Таквата одлука е донесена на барање на САД, во време на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.
САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормутски Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта.
Во Ормутски Теснец и САД испрати поморска мисија.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека бродот нема да биде дел од воено поморската мисија на САД и покрај тоа што двата офицера за врска ќе бидат испратени во Штабот на САД за „размена на информации“.Јужна Кореја има дипломатски односи со Техеран уште од 60-тите години на минатиот век. Иран е еден од клучните снабдувачи на нафта на Сеул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула