Јувентус се спогоди со судот и избегна повисока казна
Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус е казнет вчера со 718.000 евра и се согласи да не поднесува жалба на оваа одлука на судот на Фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ).
Пресудата против Јувентус и седум поранешни директори на клубот е изречена поради малверзации поврзани со плати на играчи за време на пандемијата на коронавирусот. Единствениот поранешен директор кој одби да се спогоди со судот и да признае вина е поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, и судскиот процес против него ќе почне на 15 јуни.
На почетокот на пандемијата, Јувентус пријави дека 23 играчи се согласиле на намалување на платите во период од шест месеци за да му помогнат на клубот. Обвинителството, меѓутоа, тврдеше дека играчите се откажале само од едномесечна плата.
Јувентус, кој во одвоена правна постапка веќе е казнет со одземање десет бодови, ризикуваше да му бидат одземени дополнителни бодови, но избегна повисока казна откако се спогоди со фудбалските власти во земјата.
Со оваа одлука, Јувентус ќе ја заврши сезоната во Серија А на место кое обезбедува квалификации за Лига Европа или Конференциската лига. Меѓутоа, постои веројатност Јувентус да остане без европски натпревари поради санкциите кои може да му бидат наметнати по завршување на посебната истрага која против Јувентус ја води УЕФА околу финансиски малверзации на италијанскиот гигант.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада