Loading Video...
Фудбал
7. October 2019 - 10:22

Јувентус го доби првото големо дерби против Интер

Актуелниот италијански шампион Јувентус го доби првото големо дерби во новата сезона со главниот конкурент за „Скудетото“ Интер. 

„Старата дама“ славеше победа на гостувањето во Милано со 2-1, со што Јуве го прекина максималниот учинок на  Интер по шестте одиграни кола во Серија А. 
 
Пауло Дибала уште во 4-минута му донесе предност на шампионот. Домаќините брзо се вратија во игра израмнувајќи преку Лаутаро Мартинез кој во 18-минута беше егзекутор на најстрогата казна. 
 
Победничкиот гол за Јуве го постигна Игуаин на десет минути пред крајот на мечот. 
 
По седумте одиграни кола Јувентус е лидер на табелата со 19 бодови, еден повеќе од Интер.