-->
-->
Јуве три недели без „Манџа“!
-->

Фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ, поради повреда ќе отсуствува од терените околу три недели, соопшти актуелниот италијански шампион.
Хрватскиот репрезентативец го повредил бутниот мускул на неделниот натпревар во Џенова, во кој Јувентус славеше над екипата за која игра Горан Пандев со 2:0.
На истиот натпревар и партнерот во нападот на Манџукиќ, Алваро Мората пред време го замина на клупата поради боли во стомакот, но прегледите покажале дека тој нема никаква повреда.
Манџукиќ ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус против Торино (Серија А) и Севилја (Лига на шампиони), а најверојатно нема да биде ниту во составот на хрватската репрезентација на 10.октомври, во клучниот квалификациски натпревар против Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
