-->
-->
Јуриќ пак ќе го тренира пандев
-->
Раководството на фудбалскиот клуб Џенова му даде отказ на тренерот Давиде Балардини, а на неговото место го ангажираше хрватскиот стручњак Иван Јуриќ.
Клубот, за кој настапува и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, минатата сезона беше на дното од табелата и се бореше за опстанок во Серија А.
Балардини во својот трет мандат во Џенова помина нешто помалку од една година, а клубот сега е на 11-та позиција на табелата со три победи на последните пет натпревари.
Но, претседателот на клубот Енрико Прециози по поразот од Парма од 1:3 одлучи да му врачи по трет пат отказ.
Интесено е дека Балардини минатиот ноември го замени токму Јуриќ, кој исто така сега трет пат доаѓа во клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип