Јункер: ЕК има задача да ги заштити европските компании
Се додека Иран ги спроведува своите обврски од Договорот за иранската нуклеарна програма, до тогаш и ЕУ ќе се продржува кон неговите одредби, изјави денеска во Софија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Осврнувајќи се на најавите на САД за казнени мерки кон компаниите што нема да ги почитуваат американските санкции кон Иран, воведени по повлекувањето на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор, Јункер нагласи дека тие мерки нема да останат без ефект.
- Ние во Европската комисија имаме задача да ги штитиме нашите компании, а пред се малите и средни фирми, истакна Јункер.
Тој нагласи дека лидерите на ЕУ синоќа ги профатиле предлозите на Еврокомисијата за ова прашање и решиле да и дозволат на Европската инвестициска банка да биде посредник за инвестициите на европските компании во Иран.
- Комисијата ќе ја продолжи соработката со Иран и еврокомесарот за енергетика во блиска иднина ќе ја посети оваа земја, додаде Јункер.
Во врска со трговските односи меѓу САД и ЕУ, Јункер нагласи дека Унијата се залага за исклучување на европските компании од новите американски царински мерки на неопределно време.
- Ако Европа биде исклучена од воведените мерки за царините на неопределено време, ние сме подготвени да започнеме преговори со трансатлантските партнери, додаде Јункер.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице