Јулдирим: Во операцијата Еуфратски штит ослободени се 1.000 километри квадратни

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека во операцијата Еуфратски штит во Сирија ослободени се 1.000 квадратни километри од присуството на Исламска држава и оти бегалците почнале да се враќаат во своите домови.
Тој наведе дела целта на Еуфратски штит е гарантирање на безбедност на границата, како и на жителите во пограничните региони.
Јилдирим наведе дека во градот Џараблус пред да почне операцијата имало само околу 200 цивили, а сега има од 2.000 до 2.500 луѓе.
Тој додаде дека Анкара ги продолжува контактите со Русија, Иран и САД за ситуацијата во Сирија.
Турција ја почна операцијатра Еуфратски штит кон крајот на август заедно со опозициската Слободна сириска армија со цел за ослободување на регионите во близина на турско-сириската граница од ИД.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган претходно изхави дека целата на операцијата е ослободување на сириска површина од 5.000 километри квадратни од ИД.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
