Јубилејно 25. издание на „Охридски трубадури“
На 25. меѓународен музички фестивал „Охрид Фест –Охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 6 до 8 септември годинава е најавено учество на над 70 пејачи.
Покрај македонските фолк и поп звезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји: Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика’’ (Србија), Мерима Његомир (Србија) ....
Според најавата, на фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска ,„Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов.....а на поп вечерта: Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена....
Годинава „Охридските трубадури“ ќе ги пренесуваат во живо повеќе странски телевизии, како Балканика, Бел ами, Коперникус, Тв Z1, CMC, Хајат, Визион плус, ТRT, Тв Шансона и INTV.
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот